website statistics



28. 11. 2016 16:13

Премиерно: Новата песна и видео запис на Тајзи и Спејко (фото и видео)

Премиерно: Новата песна и видео запис на Тајзи и Спејко (фото и видео)

Тајзи и Спејко не мируваат, туку напорно работат на промоција на новите песни на српски и македонски јазик.

Најновото од нив е композицијата „Вози“, песна направена од балканскиот хит мејкер Слободан Вељковиќ Цоби кој стои зад милионски гледаните хитови на ЈуТјуб на  Цвија, Раста, Ана Николиќ, Гру, Газда Паја и многу други српски ѕвезди.

Спотот со 3Д ефекти го направи нашиот афирмиран режисер Владимир Ивановски Дади, додека пак девојките кои ги придружуваат Тајзи и Спејко се од денс студиото „Брејк а лег“.

Текстот за двете верзии на песната е на Тајзи, додека пак зад македонската верзија како продуцент се потпишува Лазар Цветковски.

Тајзи најавува и понатамошна соработка со продукцијата „Балкатон“ на Раста со која ќе снимат уште неколку песни на српски јазик,, а периодов се очекуваат и уште неколку нови македонски песни.