website statistics



30. 05. 2017 14:51

Нино на концерт „Пријатели на тамбурицата„ во Белград

Нино на концерт „Пријатели на тамбурицата„ во Белград

Нино Величковски, вечерва ќе пее на концерт посветен на 10 годишниот јубилеј на Светскиот тамбурашки фестивал Нови Сад, кој ќе се одржи во зградата на Илија Коларац во Белград.

Покрај Нино ќе настапат повеќе познати балкански пејачи кои во изминатата деценија биле дел тамбурашкиот фестивал.

- Јас 6 години сум учествувал на тој фестивал со моите тамбураши во неколку состави. Во рамки на одбележување на 10-годишниот јубилеј се организира вечер наречена „Пријатели на тамбурицат„, кој ќе се одржи во големата сала на Коларац. Тоа е престижен фестивал за секој пејач и музичар. Ќе бидеме 15 пејачи, со по две песни. Мене на моја голема радост ми ги одбраа „Бабино девојче“ и „Свирете ми тамбури“, снимени со големиот тамбурашки оркестар на РТВ Војводина, а ќе бидат промовирани на самиот фестивал, - изјави Величковски.

На фестивалот ќе настапат: Звонко Богдан, Мерима Његомир, Жељко Самарџиќ, Жељко Бебек, Ана Бекута, Маринко Роквиќ, Никола Роквиќ, Халид Бешлиќ, Зоран Калезиќ, Чеда марковиќ, Данка Стоиљковиќ,Џенан Лончаревиќ, Душан Свилар и Јелена Розга.  

Јубилејното издание на тамбурица фест годинава ќе се одржи на 23-24 јуни во Нови Сад.