website statistics



18. 05. 2017 19:57

„Не го знам твоето име“ нова песна на Мартија

„Не го знам твоето име“ нова песна на Мартија

„ I don't know your name„ („Не го знам твоето име“) е новата песна на младата музичка ѕвезда Мартија Станојковиќ (13), која беше македонски претставник на детската Евровизија на Малта, и учесник на "пинкови ѕвезди".

Композицијата насловена "Не го знам твоето име" е на текст, аранжман и продукцијата на авторот и продуцентот Александар Масевски.

„Оваа песна припаѓа на стилот на музика кој Мартија со задоволство го пее и полека станува нејзин препознатлив печат, музика по која нејзините фанови и слушателите генерално ја препознаваат“,- велат од нејзината продукција.

Песната е отпеана на англиски јазик, а наскоро ќе биде снимен и видео запис. Засега покрај емитување на македонските радио станици, има можност да се слушне и на Јутуб.