website statistics



08. 02. 2018 13:27

Гаги од „Фанки Џи“ во сабота настапува во клубот „Инфинити“

Гаги од „Фанки Џи“ во сабота настапува во клубот „Инфинити“

Српскиот пејач и танчер, основач на групата „Фанки Џи“, Гаги Џогани, во сабота ќе гостува во ново отворениот клуб „Инфинити“ во Куманово.

Журката започнува во 22 часот а ќе трае до 1 часот по полноќ.

Организаторите најавуваат одлична журка и ги повикуваат младите навреме да купат карти и да резервираат место на телефонските броеви, 077 517 906 и 077 526 388.

Клубот „Инфините“ се наоѓа на ул. Иво Лола Рибар 128, во локалот на поранешната дискотека „Лоли Поп“.