website statistics



06. 08. 2010 15:48

Започна изградбата на новите училници во „Толи Зордумис„

Започна изградбата на новите училници во „Толи Зордумис„

В о основното училиштето „Толи Зордумис„ во Куманово денеска беше удрен камен темелник на новите училници.  Доградбата на новите простории е неопходна за учениците од 5 до 8 одделение, кои од оваа есен ќе следат настава на албански јазик.

 Со новите училници ќе се создадат реални можности за зголемување  на бројот на ученици и потребните услови за одржување настава на македонски и албански јазик до осмо одделение. По неколку разговори со месното населние решивме да ја отпочнеме оваа работа, затоа што до сега имавме настава на албански јазик само до четврто одделение. Доизградбата на училиштето се реализира со буџетски средства на Општината, бидејќи Куманово е заборавен град од Владата во однос на капиталните инвестиции - рече градоначалникот Зоран Дамјановски, откако симболично ја фрли првата лопата со бетон.

Советниците на Нова Демократија сметаат дека ова е многу значаен ден за учениците Албанци кои живеат во овој дел на градот.

Децата повеќе нема да патуваат и по 1,5 километри до училиштата во другите населби. Истите ученици што досега учеа од 1 до 4 одделение сега ќе продолжат школувањето во истото училиште- вели советникот  Ферис Дервиши.

Инвестицијата чини близу 12 милиони денари и според превидениот план училниците треба да бидат готови до почетокот на октомври.

Градежните работи ги изведува фирмата Евгенија-Флај од Куманово, која е изберена по електронско надавање.



Започна изградбата на новите училници во „Толи Зордумис„