website statistics



15. 12. 2017 00:36

Загадувачите ќе се пријавуваат по електронска пошта

Загадувачите ќе се пријавуваат по електронска пошта

Фотографии од несовесни граѓани кои палат гума, пластика и друг отпад, наместо на социјалните мрежи, по електронска пошта може да се пратат во Општина Куманово.

„Сите матерјали (видео, слики) и податоци кои ги имате во врска со загадување на животната средина може да ги испраќате на официјалната електронска адреса на Секторот за инспекција – Инспекторат на Општина Куманово: inspekcija@kumanovo.gov.mk“, -соопштуваат од Општината.

Поради енормната загаденост во градот, граѓаните последниве денови објавуваа фотографии на луѓето кои палат гуми, пластика и друг загадувачки матерјал на отворено и бараа од надлежните да ги казнат. Покрај по електоронска пошта граѓаните сугерираат да се отвори и телефонска линија во инспекциските служби, заради полесна комуникација.

Во Куманово ноќеска на полноќ загаденоста е 192 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, што е за 4 пати повеќе од дозволената максимална граница од 50 мг/м3.