website statistics



11. 02. 2018 12:32

Волонтери на ЦИД се изгубиле на Попова Шапка-пронајдени премрзнати

Волонтери на ЦИД се изгубиле на Попова Шапка-пронајдени премрзнати

Двајца француски државјани, волонтери на Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово,  вчера заталкале и се изгубиле на падините на Попова Шапка.

Околу 15.00 часот случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Тетово, откако волонтери се јавиле и рекле дека единствено што знаат дека се наоѓаат покрај некоја карпа.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскo-спасителната служба веднаш започнале со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силното снежно невреме.

Околу 17.50 часот тие биле пронајдени живи, но премрзнати. Со ратрак се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка.