website statistics



20. 04. 2017 10:05

Уставниот суд ќе одлучи за мандатите на градоначалниците и советниците

Уставниот суд ќе одлучи за мандатите на градоначалниците и советниците

Неизвесна е судбината на градоначалниците и членовите на општинските совети, откако Собранието го проби рокот за распишување на локалните избори до 15. мај, до кога беше продолжен мандатот на локалните избраници.

Работна група составена од претставници од Министерството за локална самоуправа, Министерството за правда и ЗЕЛС предлагаат да се продолжи мандатот на градоначалниците и советниците до изборот на новиот состав за да не се блокира работата на локалните институции. Претседателот на Советот на општина Куманово Александар Арсиќ вели дека мандатот на Кумановскиот совет завршува на 30.април, денот кога е конституран, но како ќе се решава правниот вакум во нивното работење зависи од Уставниот суд.

„ Мислењето на работната група е да се продолжи мандатот на советите и градоначалниците до избор на следните градоначалници и совети, за да има контитуитет и граѓаните да ги оставуваат своите права. Тоа е доставено до Уставниот суд, кој треба да ја оцени уставноста на два члена 35 и 49 од Законот за локална самоуправа и врз основа на нивните сугестии и препораки советот ќе се придржува и ќе работи во понатамошниот период“ – изјави Арсиќ.

Арсиќ се надева дека наскоро ќе се најде излез од политичката криза, бидејќи доколку не се профункционира Собранието не може да се смени ни законот.

Советот вчара одржа редовна седница, а наредната ќе биде во мај.