website statistics



14. 07. 2017 11:52

Укинат притвор на новинарот Зоран Божиновски, ќе се брани од слобода

Укинат притвор на новинарот Зоран Божиновски, ќе се брани од слобода

Новинарот Зоран Божиновски, претпладнево во Кривичниот суд во Скопје е ослободен од мерката притвор и пуштен е да се брани од слобода.

Судијката Ленка Давиткова ја укина мерката притвор и одредила мерка на претпазливост Божиновски еднаш неделно да се јавува во Основниот суд Куманово, за да не ја напушти државата. Според семејството на Божиновски, тој попладнево ќе излезе од затворот во Шутка.

Наредното рочиште на судењето на Божиновски е закажано за почетокот на септември кога треба да се сослуша уште еден сведок.

 Новинарот Зоран Божиновски е обвинет во случајот „Шпијун“ за злосторничко здружување и уцена.

Тој е три години во притвор, прво до Србија, а откако беше екстрадиран 14 месеци помина во скопска Шутка.

 Здружението на новинари на Македонија пред дваесетина дена ги повика обвинителството и судот да го пуштат од притвор новинарот Зоран Божиновски и да му се овозможи да се брани од слобода.