website statistics



14. 07. 2017 13:06

УЈП ќе отпочне со присилна наплата на радиодифузната такса

УЈП ќе отпочне со присилна наплата на радиодифузната такса

Граѓаните и фирмите кои имаат неплатена радиодифузна такса до 30.06.2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со постапки за присилна наплата.

Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат.

Потсетуваме дека до донесувањето на најавената измена на законот за укинување на РДТ, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата.