website statistics



15. 01. 2018 11:36

Труење на кучиња во Куманово

Труење на кучиња во Куманово

 Две кучиња се затруени синоќа, најверојатно од отров.

Труењето се случило околу 22 часот, додека сопственик ги шетал кучињата во близина на спортската сала и на Градскиот кеј.

Кучињата во еден момент паднале како покосени. Сопственикот се обидел да им помогне, но безуспешно.

Од организациите за заштита на животните стравуваат дека бројот на затруени кучиња е можеби и поголем. Апелираат до сопствениците на домашните миленичиња да внимаваат каде ги шетаат своите кучиња.

Случајот не е пријавен во Кумановската полиција.