website statistics



09. 08. 2010 10:49

Стартува Ликовната колонија „Карпино„

Стартува Ликовната колонија „Карпино„

 Од денеска до наредниот вторник ќе трае Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2010„ што по осми пат ќе се одржи во манастирскиот комплекс Карпино, во селото Сув Ора. На колонијата ќе учествуваат 13 уметници од регионот.

 Свеченото отварање ќе биде денеска во ресторанот Грација, по што уметниците ќе заминат во познатиот скрипторски центар од XVI век. Учесниците на колонијата ќе посетат и повеќе локации, како меморијалниот центар Пелинце, црквата „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане,ресторанот Етно село и др.

 Организатот на колонијата е Здружението на граѓани „Карпино„.