website statistics



19. 04. 2018 18:23

Советникот Рашити од партијата на Амди Бајрам од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ премина во СДСМ

Советникот Рашити од партијата на Амди Бајрам од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ премина во СДСМ

Срѓан Рашити, советник од Сојузот на Ромите денеска ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и премина во коалицијата на СДСМ во Советот на Општина Куманово.

Одлуката ја соопшти на денешната седница на Совет.

„Како претставник од политичката партија Сојузот на Ромите во Македонија од денеска па во иднина ќе дејствувам во коалиција со СДСМ. Оваа одлука е донесена од централното раководство, од причина што генералното мислење на партиското раководство и членството е дека на овој начин ќе се обезбеди најасоодветен третман на ромската заедница“, - изјави Рашити на Советот.

Тој се заблагодари на досегашните каолициони партнери и пријатели од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за досегашната соработка и им посака успех во понатамошната работа. 

Добредојде на новиот коалиционен партнер му посака претседателката на Советот, Атина Мургашанска и советникот Самет Салиевски.

„Во духот на добра соработка се надевам дека успешно ќе соработуваме независно кој на кое столче седи и кој на која политичка провениенција припаѓа, тука сме сите за работа во интерес на граѓаните и оние што не изгласале и за подобра иднина на градот Куманово“, - порача Мургашанска, откако советникот Драган Петковски му посака среќа во новата коалиција на Рашити и побара на следната седница да се направи прераспоред на местата на советниците во салата.

На денешната седница Рашити гласаша за точките кои ги подржа мнозинството во Советот.

Со новиот распоред на силите во Советот на Општина Куманово СДСМ има мнозинство од 20 советника, 16 советника на коалицијата на СДСМ, ДУИ 3 и СРМ 1, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 10, Беса 2 и Алијанса на Албанците 1.

(С.НИКОЛИЌ)