website statistics



20. 04. 2018 11:31

Со 240.000 евра европски пари ќе се реконструира Градска куќа

Со 240.000 евра европски пари ќе се реконструира Градска куќа

Преку проект за прекугранична соработка ќе се реконструира Градска куќа во Куманово .

Проектот е во партнерство со Општина Дупница, Бугарија, и предвидува 480.000 евра, по 240.000 евра за двете страни. Советот на Општината вчера даде согласност за аплицирање и учество на проектот.

Градска куќа се наоѓа на улицата „Иво Лола Рибар“, во која сега е сместен Клубот на ветерани. Куќата е под заштита на државата како споменик од втора категорија.

Изработен е основниот проект за реконструкција, добиена е дозвола за градба од Општина Куманово и одобрение за реставрација од Управата за културно наследство.

Објектот ќе содржи повеќе простори и ќе служи за потребите на разни манифестации и настани.

Куќата е во сопственост на Општина Куманово, откако ја купи предходниот градоначалник, кој ветуваше реконструкција на куќата преку проект на УНДП.