website statistics



17. 11. 2017 10:35

Се зголемува водостојот на реките и водотеците

Се зголемува водостојот на реките и водотеците

Во текот на денешниот ден и особено во текот на ноќните часови во земјава ќе продолжи да преовладува облачно време проследено со врнежи од дожд, кои според прогнозата на синиоптичарите на места повторно ќе бидат обилни.

Како што соопштуваат од ЦУК, и покрај тоа што на поголемиот дел од реките низ земјата водостоите сеуште се доста ниски и се под просекот за овој период од годината, се очекува овие количини на дожд да предизвикаат натамошно зголемување на водостојот и да ги наполнат речните корита на водотеците низ републиката.

Зголемување на водостојот се очекува на сите водотеци низ земјава, а ова особено се однесува на помалите водотеци со мали сливни површини кај кои побрзо се формира истекувањето. Доколку се остварат прогнозите и на места наврнат поголеми количини од дожд, можно е да дојде до значително зголемување на водостојот и полнење на коритата на помалите реки а на некои места можно е да има и локални излевања, пред се на малите водотеци. Најмногу треба да се обрне внимание на водотеците во јужните и западните делови од земјава.

Кај големите реки со големи сливни површини се очекува зголемување на нивниот водостој но тие би имале доволно голем капацитет да ги примат овие врнежи без можност за нивно излевање.

Од ЦУК, предупредуваат внимателно движење покрај водотеците (особено на помалите) и будно следење на состојбата во наредните денови.