website statistics



19. 06. 2017 14:05

Пријава за насилство, го истепал во бањата Стрновац

Пријава за насилство, го истепал во бањата Стрновац

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.П.(36) од с.Младо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Пријавениот на 2.мај годинава  околу 3 часот по полноќ во бањата Стрновац во Старо Нагоричане, без повод, вербално се расправал со А.М. од с.Грушино на кој му упатил вулгарни зборови, а во еден момент и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници повеќе пати во пределот на главата, нанесувајќи му телесна повреда на носот.