vs

14. Jan 2011 16:42 Нов директор во центарот за социјално

Даниел Живачки е новиот директор во Центарот за социјални работи Куманово. Живачки на новата функција е назначен на 30 декември мината година, а доаѓа на местото на в.д. директорката Наташа Трајковска, која замина во пензија.

Нов директор во центарот за социјално

 Предходно неколку години со кумановското социјално раководеше  Гордана Стојановска, која летоска беше разрешена од функцијата. Центарот за социјално при крајот на годината го тресеше аферата со отпуштањето на поранешните вработени и партиски вработувања, кои се надеваме дека нема да се повторат со доаѓањето на младиот директор.


 
brbrbrbrbrb