website statistics



18. 05. 2017 20:16

Почна исплатата на земјоделските субвенции

Почна исплатата на земјоделските субвенции

Започна исплатата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавување на одлуката на Уставен суд во Службен весник.

Министерството за финансии соопшти дека се исплатени 7,5 милиони евра субвенции со што целосно се подмирени обврските за субвенции заклучно со 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органско производство и рурален развој. Во рамки на исплатената сума се и 5,9 милиони евра за субвенции за 2016 година за млеко и оризова арпа.

Во наредните денови ќе бидат исплатени заостанатите субвенциите на сите земјоделци, тврдат надлежните.