website statistics



16. 04. 2018 09:04

Општина Куманово ќе формира ново јавно претпријатие

Општина Куманово ќе формира ново јавно претпријатие

Општина Куманово ќе формира ново јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово-план“.

Според неофицијални информации, во новото претпријатие ќе се вработат 20 архитекти и градежни инжинери, а ќе го раководи архитектот Горан Митевски, кој сега е раководител на Секторот за евроинтеграции. Тој беше и главен градски архитект во Општината додека оваа функција не се укина.

Градоначалникот Максим Димитриевски во предизборната кампања најави формирање на вакво претпријатие, кое ќе изработува урбанистички планови, ќе го планира развојот на градот, ќе ги решава проблемите од областа на урбанизмот и ќе работи на проекти.   

Предлогот за формирање на новото претпријатие ќе се најде пред советниците на седница во четврток.

Општина Куманово, преку Сектор за урбанизам е надлежна за: просторно и урбанистичко планирање на просторот, донесување, изменување и дополнување на генерални и детални урбанистички планови. 

Новото претпријатие ќе го изработува и новиот урбанистички план на градот, а не како досега приватни фирми.