website statistics



17. 05. 2017 13:57

Намерно го удрил со кола затоа што му викал да не вози брзо

Намерно го удрил со кола затоа што му викал да не вози брзо

Жител на населбата Јане Сандански( Бабин Дол) со кола удрил свој сограѓанин, затоа што му викал да не вози брзо, бидејќи ќе прегазел дете на улица.

Инцидентот се случи вчера во 17.50 часот, кога Е.П. (27) од населбата „Јане Сандански“, возач на автомобил „Фолксваген Поло“ со кумановски регистарски ознаки, движејќи се многу голема брзина ќе прегазел дете. Кога видел што можело да се случи И.П.(31) од истата населба изреагирал и му викнал да ја намали брзината. Возачот се налутил и со возилото тргнал наназад кон И.П., при што го удрил во пределот на стомакот, го турнал на земја и го притиснал до бетонска ограда. После тоа излегол, ги собрал скршените делови од возилото и си заминал.

Во 19.00 часот дошол во СВР Куманово и сам се пријавил. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.