website statistics



07. 08. 2010 13:22

На Табановце запленета шврецувана стока

На Табановце запленета шврецувана стока

 На граничниот премин Табановце-автопат на влез во државата при царинска контрола  во два одвоени случаи откриена е текстилна стока и резервни делови.

 96 текстилни производи се најдени во патничко моторно возило, управувано од македонски државјанин. Непријавената стока била пронајдена под личниот багаж, во багажниот простор на возилото.

Во вториот случај при царинска контрола на автомобил  откриени се квачила за трактор гасеничар.Непријавената стока била пронајдена под предното седиште.