website statistics



16. 01. 2018 19:56

МТСП ги предупреди градинките да не ги злоупотребуваат децата за верски обреди

МТСП ги предупреди градинките да не ги злоупотребуваат децата за верски обреди

Министерството за труд и социјална политика непосредно пред верскиот празник Водици или Богојавление, ги предупреди детските градинки дека е забрането политичко или верско организирање на деца.

„Министерството за труд и социјална политика испрати допис до детските градинки во кој потсетува на одредби од Законот за заштита на децата, со која се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, а која одреба треба да биде спроведена од нивна страна“, - соопштуваат од Министерството.

Доколку децата се инволвираат во политичко или верско организирање, согласно со член 228, став 1, алинеја еден од Законот, истото преставува прекршок за кој е предвидена глоба.

„Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст“, - наведуваат од МТСП.