website statistics



16. 06. 2017 17:40

Кумановски акцијаши ги повикуваат граѓаните заедно да го исчистат ѓубрето од реките

Кумановски акцијаши ги повикуваат граѓаните заедно да го исчистат ѓубрето од реките

Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“ утре ќе ја продолжи акцијата за чистење и уредување на коритата и крајбрежјето на реките Кумановка, Којнарка и Липковка.

Претседателот на задружението Јусуф Љатифи, ги повикува граѓаните масовно да се вклучат во акцијата и да помогнат да се зачува животната средина во градот.

„Ве повикувам сите да се мобилизираме, со акција да им зададеме еколошки удар на сите антиеколози. Животната средина бара да се грижиме, да ја заштитиме и секако да ја унапредиме.На несовесноста на поедини граѓани да одговориме со совесност и енергично да им застанеме на пат на сите кои ја уништуват нашата средина, им го загрозуваат здравјето и ја доведуваат во опасност иднината на сегашните и идните генерации, - вели Љатифи.

Акцијата ќе се одржи во сабота и недела, собирно место е мостот кај Туш во 8 часот. Од Кумановски акцијаши посебно апелираат до бизнис заедницата да се вклучи во  логистичка подршка на волонтерите со донирање на освежителни напитоци, кои се неопходни во овие топли денови.

 На акцијата што се одржа минатата недела подршката од граѓаните беше многу слаба, со чест на неколку исклучоци, останатите беа само волонтери и вработени во ЈП „Чистота и зеленило“.

 Еко-проектот „Зелено Куманово“ ја спроведуваат Кумановски акцијаши во соработка со Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ со подршка на ЦИВИКА Мобилитас ( проект на Швајцарската агенција за развој и соработка).