website statistics



17. 06. 2017 12:14

Куманово има руиниран градски плоштад, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Куманово има руиниран градски плоштад, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власта дека не води доволно грижа за јавниот простор во градот и дозволила градскиот плоштад да се распаѓа, што претставува срам за политичката гарнитура што го води градот.

 „Распукани плочи, руинирани скали, испокршени клупи, отворени канализациони и одводни системи и по некоја помала дупка се одлика на кумановскиот плоштад. Немањето јавен тоалет исто така е еден од битните проблеми на граѓаните и туристите. Приморани се да ги користат околните влезови на зградите при што станарите се револтирани и загрижени за хигиената и нивното здравје. Секојдневно граѓаните револтирано реагираат и прашуваат кога ќе се среди просторот притоа не можејќи да се сетат, дали некогаш во минатото, била толку лоша состојбата како што е денеска“,- обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека локалната власт оптеретена со висока политика и кадровски прегрупирања не го забележува плоштадот и не сака да ја види грдата слика на градот, која е последица на неодговорната и штетна политика на градоначалникот и СДС во Куманово.

Куманово има руиниран градски плоштад, обвинува ВМРО-ДПМНЕ