website statistics



19. 04. 2018 16:10

Куманово доби уште едно јавно претпријатие

Куманово доби уште едно јавно претпријатие

„Куманово-план“ е новото јавно претпријатие што денеска го основаше Советот на Општина Куманово.

Јавното претпријатие ќе се занимава со планирање, проектирање и изработка на просторни и урбанистички планови. Во него ќе се вработата десетина градежни и сообраќајни инжинери, архитекти, кои ќе го решаваат урбанистичкиот проблеми во градот. Предлогот за новотот претпријатие е на градоначалникот Максим Димитриевски, бидејќи го вети во предизборната кампања, по приемрот на другите градови во земјава и регионот. Како позитивен пример беше посочено претпријатието во Нови Сад, Србија.

„Со ова јавно претпријатиена со долгорочно планирање на долгорочно ниво да ставиме крај на сите лоши искуства во урбаниот хаос што се случија во изминатите 27 години во нашиот град.Денеска една од причините за целиот сообраќаен хаос е токму урбанистичкиот хаос. Општината треба да го планира, креира и да го модернизира градот, а јас сум убеден дека ова јавно претпријатие со квалитетни луѓе кои имаат желба да работат ќе го наравиме тоа“, - изјави  Димитриевски.

Општина Куманово веќе 16 години нема Генерален урбанистички план и потребни се 600.000 евра за негова изработка, па меѓу другото и тие пари ќе бидат искористени за финасирање на претпријатието.

 Опозицијата се спротивстави на овој предлог, бидејќи смета дека тоа е работа на приватниот сектор и слободниот пазар, наместо да се трпа општинската администрација со партиски кадри.

„Ова претпријатие ќе биде во привилигирана состојба и ќе добива работа без тендер, а не затоа што победила најквалитетната и најдобра понуда. Општина Куманово своевремено имаше такво претпријатие кое подоцна се приватизира. Во две други претпријатија постојат вакви сектори и зошто нив не ги прошириме и на тој начин да заштедиме средства за нови вработувања на службите. Мислам дека формирање на уште едно претпријатие е избразано и неиздржано, со ваква одлука ќе овозможиме вработување на нови партиски војници, ќе го оптовариме буџетот со нови трошоци, а без резултати “ - изјави советникот Драган Петковски, од ВМРО-ДПМНЕ.

За финасирање на јавното претпријатие за ова година се предвидени 26 милиони денари средствата предвидени во буџетот во сферата на урбанизмот за надворешни проектанстски бироа, а градоначалникот се надева дека со својата работа и квалитет претпријатието ќе се наметне не пазарот на трудот и своите услуги ќе ги нуди на општините во регионот.

Куманово има 5 јавни претпријатие ЈП „Водовод“, „Пазариште“, „Куманово-паркинг“, “Чистота и зеленило“ и „Куманово-гас“ и заедно со општинската администација се околу 1000 вработени.