website statistics



08. 02. 2018 10:50

Кумановец се обидел да прегази полицаец, неговиот сопатник пукал од пиштол

Кумановец се обидел да прегази полицаец, неговиот сопатник пукал од пиштол

Кумановци со возила со скопски и штипски таблички, вчера во тетовско, побегнале на полициска патрола, при што сакале да прегазат полицаец, удриле во неколку автомобили и пукале од пиштол.

Бркотницата започнале синоќа во 18,10 часот во с.Боговиње-тетовско, кога полициски службеници од Камењане дале знак за да застане патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици. Кога полицискиот службеник се доближил, возачот го стартувал возилото и се обидел да го удри полицискиот службеник, а потоа удрил во полициското возило, како и во други паркирани возила.

При обидот за бегство, едно од лицата кое било сопатник во возилото испукало два куршуми од пиштол во воздух. Поради предупредување, полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух.

Лицата се дале во бегство заедно со уште две возила - “Ауди“ со штипски регистерски таблици и “Шаран“ со непознати регистерски таблици напуштајќи го местото на настанот.

Околу 20.50 часот на влез во Скопје, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено возило “БМВ“ управувано од 17 годишен малолетник од Куманово. Подоцна, во населбата Ѓорче Петров, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено и возилото “Ауди“ со штипски регистерски таблици управувано од И.С. (29) од Куманово.

Лицата се приведени во ПС-Ѓорче Петров, а возилата се пренесени во кругот на полициската станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.