website statistics



07. 02. 2018 10:12

Изложба на слики на Христо Петрески во Куманово

Изложба на слики на Христо Петрески во Куманово

Во Изложбениот салон на  Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на слики со наслов “Пишување со бои: стихови, соништа, слики“ од авторот Христо Петрески.

Се работи за 25 дела од поновиот опус на Петрески којшто за првпат ќе биде презентиран пред кумановската публика.

Проф.д-р Христо Петрески е писател кој интензивно со сликарство се занимава од 2012 година. Досега има повеќе од петнаесет самостојни изложби во земјава и странство. Беше учесник на Мултимедијалната колонија Битола и на меѓународните ликовни колонии во Пелинце (Македонија) и Врањска бања (Србија). Пишува ликовна критика и автор е на книгата “Ликовната уметност е она што (не) се гледа“. Еден цел тематски број (140 страници А-4 формат) од меѓународното списание “Диоген про култура“ беше посветен на ликовното творештво на Христо Петрески и беше наречен “уметник на иднината“. Објавени се повеќе негови книжевни дела со негови илустрации, а со негови илустрации се илустрирани и книги од други автори.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 21 февруари.