website statistics



10. 03. 2018 21:47

Истекува рокот за поднесување годишни даночни пријави

Истекува рокот за поднесување годишни даночни пријави

 Граѓаните имаат уште една седмица, до 15 март да ги пријават приходите во Управата за јавни приходи.

Истекува крајниот рок за поднесување на годишната даночна пријава. Граѓаните имаат уште една седмица, до 15 март да ги пријават приходите во Управата за јавни приходи.

Во текот на следната седмица се очекува околу 170.000 граѓани да ги пријават своите приходи во УЈП. Имено, заклучно со 08.03.2018 година, поднесени се 235.258 пријави, од кои најмногу во Скопје и тоа 86.643.

Со цел да се избегнат метежите на даночните шалтери,  од УЈП аплеираат граѓаните навреме да ги поднесат пријавите.