website statistics



16. 12. 2017 08:55

Хуманитарна забава „Подари радост“

Хуманитарна забава „Подари радост“

Културно информативниот центар на Србите во Македонија - Спона, по повод претстојните божиќни и новогодишни празници, организира акција за собирање средства за пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства со цел да им помогне на најмладите да имаат посреќни празници.

„Ги повикаме сите добри луѓе да ни се придружат, да се дружиме и заедно да собереме средства за пакетчиња, затоа што детската насмевка нема цена. Хуманитарната забава под мотото „ПОДАРИ РАДОСТ“ закажана е за понеделник 18.декември 2017, во кафе бар Винил (Партизански одреди 14, спроти Соборниот Храм Св. Климент Охридски) со почеток од 20.00 часот“, - порачуваат од Спона.

На забавата не се наплатува влезница, туку секој ќе донира според своите можности. За сите присутни ќе следи специјално изненадување.