website statistics



09. 08. 2010 10:03

Граѓани се жалат дека незаконски им се земаат дворови за улица

Граѓани се жалат дека незаконски им се земаат дворови за улица

 Повеќе семејства од кумановската населба „Перо Чичо„ ќе останат без дел од својот имот, доколку Општината со новиот Генералниот урбанистички план не ја врати улицата „Ѓуро Пуцар Стари„ на поранешната позиција.

 Жителите тврдат дека улицата се проширува и поместува само на едната страна и навлегува десетина метри во нивните уредени дворови, додека стариот пат останува во нивата на поранешен вработен во Kатастарот.

Кога поднесовме документи за приватизација на земјиштето, тогаш откривме дека улицата е спорна. Според новото решение улицата ми поминува низ средина на плацот,пред саматa врата на куќата, а од другата страна на улицата ми остануваат 3,5 метри.Ние овде живееме над 40 години и не сме знаеле за овој проблем.Затоа сакаме дa знаеме кој го измести стариот пат и кој сака на наша сметка да се збогати - вели Мице Денковски.

Од Општината велат дека не е направена узурпација на стариот пат, туку местоположбата на улицата е одредена пред неколку децении, кога граѓаните пропуштиле да учествуваат во донесување на урбанистичките решенија.

 Во овој момент ние не можеме ништо да смениме бидејќи веќе е дефинирана позицијата на таа улица. Но во 2011 година мора да донесеме нов ГУП што ќе ги редефинира и исправи грешките во сообраќајниците. Од оваа позиција може да ветиме на граѓаните дека со измена на таа улица, во нормална процедура, со јавна анкета на засегнати страни ќе се обидеме да ја поправиме работата- вети градоначалникот Зоран Дамјановски.

  Доколку не се реши нивниот проблем граѓаните најавуваат дека ќе објават граѓанска непослушност, но не ги даваат своите дворовите за улицата.

                                              

Граѓани се жалат дека незаконски им се земаат дворови за улица