website statistics



13. 07. 2017 11:32

Гори депонијата во Никуштак, изгаснат само пожарот кон селото

Гори депонијата во Никуштак, изгаснат само пожарот кон селото

 Сеуште гори депонијата во селото Никуштак, откако се запали вчера попладне.

Надлежните од општина Липково, тврдат дека пожарот не зафаќа голема површина и нема опасност да се прошири во околните села, а планираат во текот на денот да интеревнираат со градежна механизација за гаснење на запалениот смет со земја.

Во противпожарната единица во Куманово, вчера околу 16 часот бил пријавен пожар на сува трева и нискостеблести растенија надвор од депонијата.

„Со две возила и 5 пожарникари, интеревниравме на пожар на отворен простор, кој се проширил од депонијата кон селата. Изгаснат е по 20 часот. Екипите се обиделе да ја гаснат и депонијата, но откако виделе дека истурената вода не дава резултат се повлекле од терен. Побаравме од надлежните од општина Липково да ја известат фирмата која е задолжена за одржување на депонијата да ја поткопа со багер, за да не се шири огнот кон населените места, - изјави Деан Илиевски, командир на ППЕ Куманово.