website statistics



13. 07. 2017 16:05

Бесплатна танцова работилница на Градскиот плоштад

Бесплатна танцова работилница на Градскиот плоштад

 Културно-уметничкиот центар Битрикс од Скопје, утре ќе одржи бесплатна танцова работилница на Градскиот плоштад во Куманово.

Идејата за овој проект потекнала од сознанието дека во повеќе градови децата немаат можност да посетуваат часови за танци, па се реализира со локални танцови клубови.

 Инструктори по танц ќе бидат присутни од 18.30 до 20.30 часот, за сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на настанот.

Покрај во Куманово, танцови работилници се организирани и во Штип, Струмица, Битола, Охрид и Струга.