website statistics



20. 10. 2017 23:31

Aкција „Вдомете миленик, спасете живот“ во Куманово

Aкција „Вдомете миленик, спасете живот“ во Куманово

Под мотото „Вдомете миленик, спасете живот“  утре (сабота) на градскиот плоштад Куманово, поточно кај споменикот на Батко Ѓорѓија, ќе се одржи акција за вдомување кучиња.

„Ќе има мали, големи, средни, црни, жолти, бели, шарени кутриња и секој љубител ќе може да си избере идно пријателче. Поканети сте сите! Донесете роднини, пријатели, колеги...“, - повикуваат организаторите на акцијата.

Од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово велат дека кучињата кои можат да се посвојат се предходно вакцинирани.

Акцијата ќе започне во 9 часот, а ќе трае неколку часа.