website statistics



13. 04. 2017 12:35

Второ место за Карпош Вардар во Вардар Јуниор лигата

Второ место за Карпош Вардар во Вардар Јуниор лигата

Машката екипа на РК Карпош Вардар го освои второто место во Вардаровата Јуниор лига, и во финалето загуби од тимот на Илинден.

Генерацијата 2004/2005 најпрвин убедливо го совлада Гостивар Вардар со резултат 20:12. Во финалето Карпош Вардар го отвори резултатот со гол предност, но подоцна Илинден успеја да замине на полувреме со предност 9:5. Подоцна финалниот натпревар заврши со 14:7 за Илинден.

Од клубот се задоволни со постигнатите резултати и најавуваат дека за десетина дена ќе се борат на нов трофеј. Женскиот состав на Карпош Вардар се пласираше во полуфиналето каде што ќе се сретне со екипата на Виница. Во другата полуфинална двојка ќе се сретнат Филип Вардар од Прилеп и Кузман Скопје. Од тимот на Карпош Вардар се надеваат дека ќе стигнат до финале и со оваа екипа.

Фото: www.rkvardar.mk / Денис Дуковски
Второ место за Карпош Вардар во Вардар Јуниор лигата