website statistics



20. 06. 2017 11:23

Нова победа на пингпонгарката Ива Димитриевска

Нова победа на пингпонгарката Ива Димитриевска

Пингпонгарката Ива Димитриевска освои прво место во јуниорска конкуренција на Меѓународниот меморијален турнир во пинг понг „Борче Кикиритков“ во Штип.

 „Сето онаа што со години наназад го има постигнато е резултат на несебичното залагање на оваа млада спортистка, јас како тренер и на сите луѓе од клубот што добринесоа на било кој начин да се дојде до оваа ниво. Останува да видиме како понатаму ќе се развиваат настаните.

На крајот сакам да истакнам дека по една успешна сезона и по кратка пауза од десетина дена не очекуваат нови подготовки за престојното Балканско првенство за сениорки до 21 година во Подгорица – Република Црна Гора, каде со Пингпонгарската репрезентација на Македонија треба да заминеме од 2-6 август“ - изјави Мики Трендафиловски, тренер на Пинг понг клуб „Куманово“.