website statistics



08. 06. 2017 13:35

Кумановскa пингпонгарка на Балканско првенство во Бугарија

Кумановскa пингпонгарка на Балканско првенство во Бугарија

Пингпонгарката Ива Димитриевска и нејзиниот тренер Мики Трендафиловски, како дел од Пингпонгарската репрезентација на Македонија учествуваат на Балканско првенство за кадети и јуниори во Албена, Република Бугарија.

На Балканското првенство заминаа со надеж дека ќе одиграат добри мечеви и да го добијат потребното меѓународно искуство.

„По напорната полусезона, поточно од јануари па до денес зедовме учество на седум турнира каде освоивме шест први и едно трето место. Воедно настапивме и на три државни поединечни првенства, притоа освојувајќи три титули државен првак, две втори места и две трети и тоа во конкуренција на сениорки и јуниорки поединечно и во игра на двојки во истите категории. Првото место во категорија У21 како и второто место и сребрениот медал на Ива Димитриевска во категорија на сениорки е голем успех на оваа наша млада пинпонгарка, која е на добар пат да прерасне во квалитетен играч, но тоа може само да го постигне со напорна и континуирана работа во идниот период. Исто така сакам да истакнам и дека младите пингпонгарки на Пинг понг клуб „КУМАНОВО“ се државни екипни прваци во конкуренција на кадетки  за сезона 2016/2017, а сенио-рската екипа која се натпреварува во Втората лига - сениори се  трети. Секако заслужува да се истакне во оваа прилика и третото место во игра на двојки на Благица Ристеска и четвртото место на Топ 8 за јуниорки“, - изјави пред поаѓањето тренерот на Пинг понг клуб „Куманово“  Мики Трендафиловски.