website statistics



01. 02. 2018 14:25

Куманово во петок ја пречакува Струмица

Куманово во петок ја пречакува Струмица

Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала ја пречекуваат екипата на Струмица.

По зимската пауза, кумановчани забележаа пораз на првиот натпревар против неприкосновениот Работнички, а потоа врза две победи во низа против Охрид и Карпош Соколи. На утрешниот натпревар сметаат на нова победа во домашното првенство во борба за четвртата позиција против тимот на Гостивар.

Екипата на Струмица се наоѓа на последната позиција на табелата и заедно со Шкупи и Пелистер се борат за десеттата позиција, која носи опстанок во најквалитетното првенство.

Натпреварот се игра во Спортската сала со почеток во 17 часот, а влезот ќе биде слободен.