website statistics



24. 12. 2017 17:27

Куманово со победа ја завршува 2017 година

Куманово со победа ја завршува 2017 година

Кошаркарите на Куманово забележаа победа во последното коло за оваа година, и го совладаа Гостивар со резултат 84-89.

Ова е петта победа во низа за кумановчани кои заминуваат на зимската пауза како третопласирани на табелата.

И покрај негативата од 10 поени разлика, Куманово во последниот период експресно ја намали разликата, а подоцна одигра и одлична одбрана каде што домаќините решаваа исклучиво со шут од далечина. Јаневски и Караџовски со прецизните удари за три поени обезбедија нова победа на Куманово и на одмор заминуваат со скор од седум победи и четири порази.

Димитар Караџовски постигна 21 поен, а за Гостивар Ивица Димчевски постигна 24 поени.

Следниот натпревар е закажан за 13.јануари каде што Куманово му гостува на Работнички.