website statistics



Повоено иселување од кумановскиот крај во Војводина

При крајот на Втората светска војна, германското население од Војводина, главно како соработник на окупаторот, се повлекло со национал-социјалистичката војска. Во напуштените населби се населиле жители од другите краеви на поранешна Југославија, пред се семејства од југот, југозападот и западот на земјата.

 Помеѓу доселениците значителен дел сочинувало и население од Република Македонија, меѓу кои и жители од кумановскиот крај. Доселениците од Македонија во најголем дел се населиле во десетте банатски населби: Јабука, Качарево и Глогоњ, кои се наоѓаат во околината на Панчево, потоа Гудурица, Велико Средиште, Пландиште, Велика Греда, Хајдучица, Стари Лец и Дужине кои се наоѓаат во околината на Вршац.

Кумановските иселениците на почетокот се населиле само во трите населби: Глогоњ, Качарево и Пландиште. По Крива Паланка, кумановскиот крај дал најмногу иселеници во Војводина и тоа 190 родови со 262 домаќинства. Тие иселеници потекнуваат од 37 населби. Најмногу ги има од селата Рамно (42 к), Длабочица (36 к), Дејловце (18 к), Пелинце (17 к), Тромеѓа (17 к), Ново Село (15 к) и Никуљане (12 к). Иако се многубројни, иселениците од кумановскиот крај, претежно се населиле како што напоменавме во Глогоњ и нешто малку ги има во Качарево и Пландиште. 

 Населувањето во споменатите три села е извршено во две етапи и тоа: во пролет (во март) и при крајот на летото 1946 година. Причините за иселување биле економските прилики во државата. Иселениците потекнувале претежно од сиромашни планински села, а се населиле во рамничарски побогати села кои имале подобра земја за обработка. Државната власт према доселениците била многу „гостопримлива“. Им давала бесплатен превоз, им доделувале земјиште за обработка. На доселениците им биле отстапени бесплатни куќи на иселените Германци. На почетокот им било делено и семе за сеење житарици, им било давано производи за храна итн. Во следниот дел Ви ги претставуваме иселениците од кумановскиот крај населени во Глогоњ, Качарево и Пландиште.

Глогоњ

Од село Алгуња: Кипријановиќ (3 к, 1946 г.) и Бошковиќ (1 к, 1946 г.). Од село Арбанашко: Николиќ (3 к, 1946 г.), Трајковиќ (2 к, 1946 г.), Јовановиќ (2 к, 1946 г.) и Јовановски (1 к, 1946 г.). Од село Брзак: Јовановиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Врачевце: Ѓорѓевиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Дејловце: Станојковски (1 к, 1946 г.), Станојковиќ (1 к, 1946 г.), Величковиќ (2 к, 1946 г.), Бошковски (1 к, 1946 г.), Петковски (1 к, 1946 г.), Спасиќ (1 к, 1946 г.), Тасиќ (3 к, 1946 г.), Тасевски (1 к, 1946 г.), Николовски (1 к, 1946 г.), Митровиќ (1 к, 1946 г.), Цветковиќ (2 к, 1946 г.) и Младеновиќ (3 к, 1946 г.). – Од село Доброшане: Пауновски (3 к, 1946 г.). Две семејства од овој род како службеници преминале во Србија. – Од село Долно Којнаре: Јакимовски (1 к, 1946 г.) и Николиќ (2 к, 1946 г. – Од село Драгоманце: Петковски (1 к, 1946 г.). – Од село Дренак: Трајковски (4 к, 1946 г.), Трајковиќ (1 к, 1946 г.) и Станковски (1 к, 1946 г.). – Од село Длабочица: Јовчевски (2 к, 1946 г.), Станковиќ (3 к, 1946 г.), Димитријевиќ (1 к, 1946 г.), Арсиќ (1 к, 1946 г.), Јаќимовиќ (2 к, 1946 г.), Митровски I (1 к, 1946 г.), Димковиќ (2 к, 1946 г.), Митровски II (1 к, 1946 г.), Милковски (4 к, 1946 г.), Бојковиќ (1 к, 1946 г.), Ристиќ (1 к, 1946 г.), Симоновиќ (2 к, 1946 г.), Милошевски (1 к, 1946 г.), Додевски (3 к, 1946 г.), Ангеловски (1 к, 1946 г.), Дафиќ (1 к, 1946 г.), Младеновиќ (1 к, 1946 г.) и Трајковски (2 к, 1946 г.). – Од село Злокуќане: Тахировски (3 к, 1946 г.). Овие се муслимански Роми, кои зборувале албански. – Од село Карловце: Пешевски (1 к, 1946 г.). – Од село Коинце: Илијевски (1 к, 1946 г.), Алексиќ (1 к, 1946 г.), Владо (1 к, 1946 г.) и Донче (1 к, 1946 г.). – Од село Лопате: Антиќ (2 к, 1946 г.), Младеновиќ (2 к, 1946 г.) и Стојановски (1 к, 1946 г.). – Од село Љубордаг: Брекиќ (1 к, 1946 г.), Јовиќ (2 к, 1946 г.) и Величковиќ (2 к, 1946 г.). – Од село М’гленце: Станојковиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Малотино: Вељковиќ (2 к, 1946 г.) и Нешковски (3 к, 1946 г.). – Од село Матејче: Ѓорѓевиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Муталово: Кипријановиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Никуљане: Јовановиќ (1 к, 1946 г.), Петрушевиќ (1 к, 1946 г.), Блажевски (1 к, 1946 г.), Петковиќ (3 к, 1946 г.), Тасевски (2 к, 1946 г.), Додиќ (1 к, 1946 г.), Стојан (1 к, 1946 г.), Благе (1 к, 1946 г.) и Тодор (1 к, 1946 г.). – Од село Ново Село: Костиќи (3 к, 1946 г.), Филиповиќ (2 к, 1946 г.), Стаменовиќ (1 к, 1946 г.), Недељковиќ (3 к, 1946 г.), Савиќ (1 к, 1946 г.), Митиќ (1 к, 1946 г.), Јовановиќ (1 к, 1946 г.) и Печиќ (3 к, 1946 г.). Од Савиќ една фамилија преминала во соседни Сефкерин. Подалечно потекло на родот Печиќи им е од околината на Пирот. – Од село Пелинце: Станојевиќ (1 к, 1946 г.), Стамевски (1 к, 1946 г.), Илиќи (1 к, 1946 г.), Петрушевиќ (1 к, 1946 г.), Максимовиќ (2 к, 1946 г.), Петковски (1 к, 1946 г.), Насковски (1 к, 1946 г.), Антевски (1 к, 1946 г.), Филиповиќ (2 к, 1946 г.), Додевски (1 к, 1946 г.), Стошиќ (2 к, 1946 г.), Денковиќ (1 к, 1946 г.) и Војковиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Рамно: Мишиќ (1 к, 1946 г.), Спасиќ (1 к, 1946 г.), Смиљковиќ (1 к, 1946 г.), Крстиќ (1 к, 1946 г.), Анѓеловски (2 к, 1946 г.), Митровиќ (3 к, 1946 г.), Ристовски (2 к, 1946 г.), Трајковиќ (2 к, 1946 г.), Петковиќ (2 к, 1946 г.), Равњански (2 к, 1946 г.), Стојановски (1 к, 1946 г.), Милошевиќ (1 к, 1946 г.), Тодоровски (2 к, 1946 г.), Голубовски (2 к, 1946 г.), Младеновиќ (1 к, 1946 г.), Голубовиќ (3 к, 1946 г.), Спасиќ (1 к, 1946 г.), Миленковиќ (1 к, 1946 г.), Михајловиќ (3 к, 1946 г.), Митиќ (1 к, 1946 г.), Трајковиќ (1 к, 1946 г.), Димовски (2 к, 1946 г.), Пешевски (1 к, 1946 г.), Ристиќ (2 к, 1946 г.), Трајковиќ (1 к, 1946 г.) и Петковиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Сопот: Алексиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Старо Нагоричане: Николовски (2 к, 1946 г.). – Од село Степанце: Спасевски (2 к, 1946 г.). – Од село Сушево: Трипковиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Табановце: Миленковиќ (2 к, 1946 г.), Китановски (1 к, 1946 г.), Стефановиќ (2 к, 1946 г.), Стаменковиќ (2 к, 1946 г.) и Цветановиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Тромеѓа: Трајковиќ (1 к, 1946 г.), Тасиќ (1 к, 1946 г.), Петрушевиќ (1 к, 1946 г.), Вељковиќ I (2 к, 1946 г.), Стошиќ (1 к, 1946 г.), Стаменковиќ I (1 к, 1946 г.), Вељковиќ II (1 к, 1946 г.), Ѓорѓевиќ (3 к, 1946 г.), Спасиќ (2 к, 1946 г.) и Стаменковиќ II (2 к, 1946 г.). Од последниот род една фамилија преминала во соседниот Сефкерин. Некои родови кои се населиле од Тромеѓа, подалечно потекло им е од околината на Пирот. – Од село Умин Дол: Репац (1 к, 1946 г.), Јаковљевиќ (1 к, 1946 г.), Божиќковиќ (1 к, 1946 г.) и Јанковиќ (1 к, 1946 г.). – Од село Челопек: Томовски (1 к, 1946 г.), Станојковски (1 к, 1946 г.), Деспотовски (2 к, 1946 г.), Димковиќ (1 к, 1946 г.), Стојчевски (1 к, 1946 г.), Филиповски (1 к, 1946 г.) и Младен Челопечки (1 к, 1946 г.). – Од Куманово: Петрушевиќи (1 к, 1946 г.), Илиќ (1 к, 1946 г.), Николовски (1 к, 1946 г.), Ивановски (1 к, 1946 г.), Илиќ- кожувчари (1 к, 1946 г.), Маневски (1 к, 1946 г.) и Максимовски (2 к, 1946 г.). Последниве два рода биле Роми. 

Качарево

Од село Бајловце: Божиновски (1 к, 1946 г.). – Од село Длабочица: Јаќимовски I (1 к, 1946 г.), Пешиќ (1 к, 1946 г.), Стефановиќ (1 к, 1946 г.), Јаќимовски II (1 к, 1946 г.), Петровиќ (1 к, 1946 г.), Јаќимовски III (1 к, 1946 г.) – Од село Добрача: Стефановски (1 к, 1946 г.), Денковски (1 к, 1946 г.) и Јовановски (1 к, 1946 г.). – Од село Жељувино: Перо (1 к, 1946 г.). – Од село Матејче: Мичиќ (2 к, 1946 г.). – Од село Орах: Пешевски (2 к, 1946 г.), Владо (1 к, 1946 г.), Јовановски (1 к, 1946 г.) и Тошиќ (1 к, 1946 г.). Од село Тромеѓа: Антоније (1 к, 1946 г.). – Од село Цвиланце: Стојановски (2 к, 1946 г.). – Од околина на Куманово воопшто: Антон (1 к, 1946 г.), Тодоровски (1 к, 1946 г.), Денковски (1 к, 1946 г.), Ќиро (1 к, 1946 г.), Глигор (1 к, 1946 г.), Тошиќи (1 к, 1946 г.) и Илијевски (1 к, 1946 г.).

Пландиште

М а р к о в с к и  Игњатов Ратко се во октомври 1946 година доселил од Шопско Рударе во заедница од 3 лица. Добил куќа со двор и земја за обработка.

П е т к о в с к и  Миланов Сретен се на 29 ноември 1946 година доселил од Умин Дол во заедница од 6 члена. Во почетокот добил само куќа со двор.

С т е ф а н о в и ќ  Савов Добривоје се во октомври 1946 година доселил од Табановце во заедница од 5 члена. Прво добил куќа со двор без земја за обработка.

Од претходниот текст сметаме дека скромно допринесовме за запознавање на иселениците од кумановскиот крај во Војводина (Р. Србија). Инаку според последниот попис од 2011 година во Србија живеат 22.755 македонци, од кои во Војводина 10.392 македонци.

Литература:

B. Bukurov: Poreklo stanovništva Vojvodine, Posebna izdanja Matica srpska, Novi Sad, 1957.

J.F. Trifunoski: O posleratnom naseljavanju stanovništva iz NR Makedonije u tri banatska naselja – Jabuka, Kačarevo i Glogonj, Posebna izdanja Matica Srpska, Novi Sad, 1958.

B. Rusič: Beleške o najnovijim naseljenicima iz Makedonije u sedam sela vršačkog dela Banata, Posebna izdanja Matica srpska, Novi Sad, 1958.

Подготвил: Филип Ѓошевски – дипломиран географ

Филип Ѓошевски
Авторот е главен уредник на списанието „Корени“