website statistics



Што е за вас СРЕЌА?

Што е за вас СРЕЌА?

За среќата се зборувало, се зборува и ќе се зборува многу. Некои веруваат дека роден си под среќна звезда па затоа си среќен во животот, а некои велат сам треба да се бориш, твориш и дејствуваш во животот за да си среќен.

Има луѓе кои си имаат своја сопствена изградена дефиниција и на среќата гледаат различно. За некои, среќен човек е оној кој што има многу финансии па може да си ги дозволи сите удобности кои животот ги нуди, за некои, среќен човек е оној кој што е здрав, и има финансии колку да може да си ги подмири секојдневните обврски.

Секој има свој сопствен изграден став и секој си има своја цел како да стигне до целта наречена СРЕЌА. Дали некогаш сте се запрашале дали сте среќни со она што го имате во животот: семејството, работата, вашата професијa, вашите деца, вашиот партнер. Многу често забораваме колку сме навистина среќни со се она што е околу нас, доволно е само да помислите колку луѓе кои се околу вас ве сакаат и вие ги сакате нив и тогаш ќе заклучите дека вие сте навистина среќна личност.

Зошто на крајот на краиштата среќата е тесно поврзана со љубовта. Секојдневнието, обврските, животниот тек кој што минува со светлосна брзина ни налага да заборавиме колку всушност навистина сме среќни. Човекот е сурово и ненаситно битие.

Секогаш има нешто кое го прави да не е среќен, секогаш му поминува мисла дека може да е посреќен од колку што е во моментот. Секогаш има нешто кое го кочи за да е целосно среќен и да може да се погледне во огледало и да си каже сам на себеси јас сум среќен човек.

Среќата си ја правиме и градиме сами, сите сме родени под иста звезда и сите сме исти пред Бога, но за да сме среќни и исполнети личности треба да си ја создадеме сами среќата. Не заборавајте дека сте навистина среќни со се она што ве опкружува, не дозволувајте да бидете несреќни во животот, секогаш сетете се колку многу причини имате за да бидете среќна личост.

Започнете го денот со насмевка на лицето, погледнете се во огледало и кажете си на глас, ЈАС СУМ СРЕЌЕН ЧОВЕК!